Трамп: Северна Македонија нема да им направи трошок на САД во НАТО
Претседателот на САД Доналд Трамп испрати писмо до претседателот на Сенатот со кое потврдува дека членството на Македонија во НАТО нема да направи дополнителен трошок во американскиот буџет, објави Гласот на Америка.
Во писмото се вели дека приемот на Северна Македонија во НАТО Алијансата нема да има ефект на зголемување на процентот на уделот на САД во Буџетот на НАТО.
„Вклучувањето на Северна Македонија во НАТО не ја намалува способноста на САД да ги исполнат нивните воени обврски надвор од Северноатлантскиот регион“, напиша Трамп во писмото.
Македонија до март очекува да стане официјална членка на Алијансата, а за тоа потребно е уште да се состави парламентот на Шпанија за да го ратификува протоколот.

Слично
