ТРАМП МУ ПИША НА ЗАЕВ: Му честита за храброто лидерство
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп му пиша на македонскиот премиер, Зоран Заев.
Тој му честита за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Смета дека ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за храбро лидерство.
„Преку Вашите напори со Премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија. Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина. Уште еднаш Ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата па сè до неговата целосна имплементација. Северна Македонија е голем партнер на Соединетите Американски Држави“, стои во писмото.
Тој е среќен што Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО.
