ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА И ЛУЃЕ ОД БАЛКАНОТ: Додик не сака да прими тврдокорни исламисти
Од Македонија има 341 лице на списокот на aмериканскиот претседател Доналд Трамп за депортација од САД.
Во Америка со децении се во сила закони за апсење и депортирање на прекршителите на имиграцијата. Според податоците на Имиграциската служба на САД од јануари оваа година, државјаните од Западен Балкан се исто така определени за депортација, без разлика дали се во притвор или на слобода. Според земјите, како што објави Ал Џезира, тоа изгледа вака:
* Босна и Херцеговина – 185
* Косово – 118
* Северна Македонија – 341
* Хрватска – 126
* Србија – 50
* Словенија – 16
* Од Југославија 845 души
Бројките покажуваат дека моментално има 1.445.549 странски државјани на списокот на незатворени лица на Имиграциската служба кои имаат конечни наредби за депортација.
Во оваа земја живеат околу 51,5 милиони луѓе кои не се родени во САД. Три четвртини од нив се легално во Америка, а 49 отсто се американски државјани, пет отсто имаат студентска, работна или дипломатска виза, додека 27 отсто се без документи, што сочинува 13,7 милиони лица без документи кои живеат во САД.
Претседаелот на Република Српска, Милорад Додик, му порача на раководството на Босна и Херцеговина дека нема да прифати евентуално депортираните исламисти од САД да бидат префрлени во затворите во Република Српска. Додик додаде дека, ако официјално Сараево сака, може да ги смести тие луѓе во затворите во Федерацијата.
„Тврдокорните исламисти, кои на крајот се депортирани од САД во Босна и Херцеговина, нема да бидат распределени по затворите во Република Српска“, изјави претседателот на Република Српска.
Додик изјави дека САД треба да депортира повеќе од 140 луѓе во Босна и Херцеговина и изрази надеж дека меѓу оние што ќе бидат вратени, нема да има многу од оние што се затворени во Гвантанамо, бидејќи тоа се закоравени исламисти.
