Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО - 500 отсто царина за купувачите на руска нафта

ТРАМП ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО - 500 отсто царина за купувачите на руска нафта

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе поддржи закон со кој ќе се воведат царини до 500% за земјите што увезуваат руска нафта и гас.

Целта е да се прекине еден од главните извори на финансирање за долготрајната војна меѓу Русија и Украина, изјавија во петокот група американски сенатори.

Законот, предложен минатата година од сенаторот Линдзи Греам, веќе ја доби поддршката од повеќе од 80 сенатори, но е блокиран во Конгресот со месеци, бидејќи претседателот Трамп постојано се обидува да преговара за крај на четиригодишната војна.

„Со гордост објавуваме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за да продолжиме со усвојувањето на нашиот ажуриран закон за санкции против Русија“, изјавија сенаторите Џин Шахин, Ричард Блументал, Роџер Викер и Линдзи Греам во заедничка изјава.

„Многу сме задоволни од овој значаен напредок и со нетрпение очекуваме наскоро да ја претставиме конечната верзија на законот“, додадоа сенаторите. „Додека Русија го ескалира убивањето цивили, од клучно значење е законодавната и извршната власт да работат заедно за да создадат механизми што ќе им наметнат висока цена на оние што купуваат руска нафта и природен гас, кои ја финансираат воената машинерија на Путин.“

Сè уште не е познато какви промени се согласиле пратениците и администрацијата на Трамп за да дозволат законот да продолжи.

Греам, кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев претходно во петокот, рече дека „никогаш не бил пооптимистичен“ во врска со можноста за прекин на конфликтот.

„Никогаш не сум бил пооптимистичен од денес дека имаме формула за прекин на оваа војна: да ѝ помогнеме на Украина да стане поспособна за борба, да им ставиме до знаење на оние што ја поддржуваат Русија дека ќе има цена што ќе ја платат ако продолжат да го прават тоа и да се обидат да најдат излез што нема да има за цел да го понижи Путин, туку да го прекине војната за да може Украина да преживее и да напредува“, рече Греам, објавија украинските медиуми.

Договорот со Белата куќа за текстот на законот за санкции „значи дека тој ќе стане закон“, рече Греам.

Сенаторот, исто така, посочи дека законот е наменет да ги охрабри земјите што бараат алтернативни извори на енергија.

Слично

Поврзани вести