Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп честита 34 години од независноста на Македонија

Трамп честита 34 години од независноста на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова  во објава на Фејсбук сподели дека  претседателот на САД Доналд Трамп упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија - 8 Септември. Сиљановска-Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.

„Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември. Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување!, се посочува во објавата на Давкова. 

Понеделник е неработен ден во Македонија. 

Слично

Поврзани вести