ТРАМБОЛИНАТА НЕ ПРЕЖИВЕА НИ ДЕСЕТ ДЕНА: Стефковски постави игралиште во ОУ „Григор Прличев“, дел од него е веќе оштетено
На 22 март градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски официјално го отвори детското игралиште во дворот на ООУ „Григор Прличев“, а веќе на 29 март, жителите на Железара на социјалните мрежи пријавија оштетување на реквизитите.
Ова беше прво детско игралиште каде беше поставена трамболина за децата, но за жал, истата е веќе со оштетена заштитна ограда и не е безбедна за користење.

Слично
