Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тракторист во Кавадарци прегазен од сопствениот трактор, тој е пренесен на клиника во Скопје

Тракторист во Кавадарци прегазен од сопствениот трактор, тој е пренесен на клиника во Скопје

Несреќа во Кавадарци.

Вчера во 08.50 часот во Полициската станица Кавадарци од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен повреден В.Ј. (67) од с.Сирково.

Во 07.00 часот во нива лоцирана во близина на с.Сирково, додека ја закачувал приколката на својот трактор, тракторот кој не бил закочен почнал да се движи при што В.Ј. паднал од тракторот и бил прегазен. В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на несреќата.


Слично

Поврзани вести