Тракторист се преврте во провалија
Во Беровско тракторист почина откако се превртел во провалија.
З.Ц. 39-годишен жител на селото Двориште, починал вчера, откако паднал со тракторот во провалија и неколкупати се превртел, информираше полицијата.
Тој додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати. Со возило на Итна медицинска помош тој е пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Слично
