Трактор прегази маж од Октиси
Трактор прегазил човек додека си работел во дворот.
Mаж на возраст од 62 години од струшкото село Октиси почина откако вчера го прегазил трактор. Како што соопшти полицијата, А.М. изведувал градежни работи во неговиот двор кога трактор кој што се движел неконтролирано го прегазил. Човекот е донесен во Здравствениот дом во Вевчани, но без знаци за живот, каде лекар констатирал смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и полициски екипи и по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Слично
