Трактор излетал од патот во струмичко, има две жртви
Tрактор излетал од патот во струмичко при што две лица загинаа.
Несреќата се случила на патот од селото Трибичино кон селото Едрениково. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу 16.20 часот кога тракторот кој го возел З.С. (51) излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал З.С., а К.К. (74) им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Струмица.
Слично
