Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАЈКОВСКИ ТРПЕЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА „ДЕСНА“: Му рекле дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува

ТРАЈКОВСКИ ТРПЕЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА „ДЕСНА“: Му рекле дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува

Гоце Трајковски кој денеска сведочеше за двојното убиство за Вања и Панче, кажа дека трпел закани од членови на партијата на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, „Десна“. 

„Пред да сведочам имав закани од овие психопати од партијата „Десна“ упатени преку социјалните мрежи“, изјави Трајковски на рочиштето за случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Првообвинетиот во овој случај Палевски, но и останатите обвинети како сторители на делото се членови на оваа партија, а Трајковски вели дека му се заканувале дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува. 

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести