Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајковски: Измените во Законот за ДДВ ќе бидат од корист на малите бизниси

Трајковски: Измените во Законот за ДДВ ќе бидат од корист на малите бизниси
Измените во Законот за ДДВ, со кои се намалува прагот за задолжителна регистрација и се зголемува бројот на даночни обврзници, според првиот човек на УЈП Горан Трајковски ќе бидат од корист за малите бизниси, а не на нивна штета. Според Трајковски, „ноторна лага се информациите што деновиве ги пласираат некои медиуми дека измените на Законот за ДДВ ќе бидат смртна казна за малите бизниси“, а не држат ниту тезите дека оваа мерка се воведува за да се полни буџетот. „Ова е барање на малите и ситните бизниси, тоа најодговорно го тврдам. Доколку тие не се ДДВ обврзници, не можат да бидат конкурентни и атрактивни на пазарот, ниту препознатливи за големите компании. Либерализацијата на условите за станување ДДВ обврзник се, пред се, во прилог на бизнисите, а не во прилог на Буџетот. Во оваа насока зборуваат бројките, реалноста, теоријата, искуството и фактите. Оној што не е ДДВ обврзник е во инфериорна, подредена положба. По дефиниција, секој ДДВ обврзник сака да работи со ДДВ обврзник. Малите ДДВ обврзници создаваат негативен ДДВ ефект на буџетската сметка, односно во вкупната наплата на данокот на додадена вредност“, уверува Трајковски. Според него, овие измени се кои треба да стапат во сила од 1 јануари 2015, се носат за воспоставување фер и еднакви услови на пазарот, како и за зголемување на лојалната конкуренција. Коментирајќи го ставот на занаетчиските комори според кои измените на Законот за ДДВ ќе предизвикаат отпуштања на вработени, Трајковски вели дека „тие бизниси очигледно пропаѓаат поради таквите раководства“.
Слично

Поврзани вести