ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАЈКОВСКИ: Градските комунални служби треба веднаш со илјадници полицајци да влезат во Чаир и да започнат со уривање на оние 150 дивоградби

ТРАЈКОВСКИ: Градските комунални служби треба веднаш со илјадници полицајци да влезат во  Чаир и да започнат со уривање на оние 150 дивоградби

Професорот Дејан Трајковски на социјалните мрежи пишува дека ако функционира правната држава, градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да започнат со уривање на оние 150 бесправно изградени згради, една по една.

„За тоа не им треба ни судска пресуда, бидејќи градежната инспекција има право да издаде извршно решение за уривање. Ни жалба, ни тужба не го одложува извршувањето, што е на трошок на сопственикот. Само судот има право да изрече времена мерка за стопирање, но зошто би изрекол, кога нема основа за тоа? Само така ќе исчезне сета сила на оние насилници коишто се поставиле над законот и институциите на државата. Самите измамени граѓани ќе им пресудат. Канцерот веќе метастазира и доколку веднаш не се отстрани, ќе ја уништи целата држава“, пишува тој. 


Маж вчера ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска во Чаир. Обвинителството за него бара притвор. 

ad
Слично

Поврзани вести