Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајковскa: Некое ќосе околу Груевски одлучи да ги собере ќосињата што ги познаваат

Трајковскa: Некое ќосе околу Груевски одлучи да ги собере ќосињата што ги познаваат

Во дебата на „360 Степени“, новинарката Оливера Трајковска зборуваше за крвавото насилство кое се случи во Собранието на 27 април.

Таа потсети дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во кампањата зборуваше за Ќосето. 

„Ние не разбравме дека кога во кампањата Груевски рече „Да беше Гоце жив ќе му го пратеше Ќосето, немаше да разговара со Заев“, на крајот некое ќосе околу него одлучи да ги собере ќосињата што ги познаваат, откако претходно ги заведоа во разни легални организации, патриотски здруженија, народни фронтови за заштита. Симболично, така како што Груевски го отпочна силувањето на македонското општество и на македонската јавност, користејќи ги и обилно плаќајќи ги микрофоните и камерите, тие ја обликуваа јавноста како што сакаше Груевски, настаните сакаа на крвавиот четврток, еднакво симболично целата таа приказна да заврши од силување преку медиумите во обид за убиство со сталак којшто исто така е важен дел од приказната за камерите и микрофоните“ – вели  Трајковска.

За тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров им помогнаа на своите колеги од парламентарното мнозинство кои беа мета на напади рече дека во нив има политичка рационалност. 

Слично

Поврзани вести