ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ ЗА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: „Тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“

ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ ЗА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: „Тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“

Откако екс пратеничката и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, го поднесе вториот протокол меѓу Бугарија и Македонија до Уставен суд, се огласи екс претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.

Читам поранешна пратеничка, се освестува и бара Уставен суд да го поништи вториот протокол склучен помеѓу Македонија и Бугарија, само за потсетување за да има втор протокол склучен на 17 јули 2022 година од Бујар Османи и Теодора Генчовска треба да има прв протокол кој е склучен на 10 јуни 2019 година од Никола Димитров и Екатерина Захариева а за да има протоколи треба да има договор, за жал на 01 август 2017 во првите 100 дена од новата влада Зоран Заев и Бојко Борисов го склучија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

За потсетување тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и многу други договори и акти предложени од владата на Зоран Заев“, напиша тој.



ad
Слично

Поврзани вести