Трајко Вељановски го оцени прифатеното обвинение како политичко
Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски го оцени како политичко прифатеното обвинение за организација на настаните на фамозниот 27 април со што наскоро ќе треба да стартува и судскиот процес.
„Политичко обвинение за политички цели“, искоментирал актуелниот пратеник во својата СМС-порака која ја испратил до ТВ24.
Со вчерашната одлука, Судот го прифати обвинението во кое нему, на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе им се суди за организација на настаните од 27 април 2017 година во Парламентот. Тој е првиот претседател на Собрание на кого ќе му се суди од независноста на Македонија.
Јанакиески, Ристоски и Атанасовски се во домашен притвор, додека Вељаноски е заштитен со пратеничкиот имунутет. Недостапни се екс-премиерот Никола Груевски и екс-разузнавачот Никола Бошковски.
За „крвавиот четврток“ до сега осудени се 17 лица.
