Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ДОБИ ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД 6 И ПОЛ ГОДИНИ, Јанакиески и Ристовски по три месеци помалку - пресуда за организаторите на 27 април

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ДОБИ ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД 6 И ПОЛ ГОДИНИ, Јанакиески и Ристовски по три месеци помалку - пресуда за организаторите на 27 април

Судот ги прогласи за виновни Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, за насилниот упад во Собранието на Македонија, за стореното кривично дело кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Па, така, Трајко Вељановски е осуден на 6,6 години, Миле Јанакиевски  и Спиро Ристовски добија по 6,3 години, а Владимир Атанасовски е осиден на шест години затворска казна. 

Ов е пресуда која денеска ја донесе судијата Илија Трпков во случајот за обвинетите организатори на „27 април“.

„Никола Груевски ги повикал граѓаните на протест. Трајко Вељаноски требало да спречи избор на нов спикер. Јанакиески и Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски ги мобилизирале членовите“, рече судечкиот судија Илија Трпков.

Според него, случувањата на 27 април ќе бидат запаметени како преседан од домашната и светската јавност.

„Сите видоа како на тој ден се руши демократијата и се тепаат пратеници избрани од народот. Тоа не е демократија, не е патриотризам. Уште пожално е што тоа било организирано. Државата не се гради со насилство. Им се суди на конкретни лица за конкретен настан“, нагласи судијата Трпков во својот завршен збор. 

На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството сметаше дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Во овој случај обвинети беа поранешниот собраниски спикер Вељаноски, екс министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Јанакиески и Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението, нив им се судеше за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Според обвинителеството, тие од партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ на „крвавиот четврток“ издавале команди за делување на полицијата и на напаѓачите. Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година. Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година. Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Слично

Поврзани вести