Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајко Славевски: Данела Арсовска е грешка во партиска проценка

Трајко Славевски: Данела Арсовска е грешка во партиска проценка

Трајко Славевски, претседателот на Советот на Град Скопје, кој во изминатите месеци е во голема нетрпеливост со Данела Арсовска, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека градоначалничката е грешка во проценката на ВМРО-ДПМНЕ при изборот на кому да се даде поддршка на локалните избори.

„Тоа е погрешна проценка на органите и телата на ВМРО-ДПМНЕ - извршниот и централниот комитет. Сепак, оние кои имаат извесни резерви ќе треба да го прифатат мислењето на мнозинството“, рече професорот како одговор на прашањето за тоа чиј прелдог била Арсовска да влезе во трката за градоначалник на Скопје.

Славевски и Арсовска често влегуваат во вербални напади за време додека во живо се пренесуваат градските седници, а најчесто причина за тоа е употребата на микрофонот.

Претседателот на Советот на Град Скопје во телевизиското студио ја нарече Арсовска „шоумен кој шета со микрофонот“.

„Се движи како шоумен низ салата со микрофон. Во Советот на Град Скопје таа е гостин, а таа не го разбра тоа. Замислете, добивам прашања дали Данела сака да се пресмета физички со мене. Онаа жестина кон луѓето кои ја донесоа на позиција е непримерен и несватлив и мора да има нешто подлабоко во тоа“, додаде тој во студиото.

Слично

Поврзани вести