Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајко Славески: Фашистичката ВМРО-БНД на Каракачанов на дневна основа ги навредува чувствата на македонските граѓани

Трајко Славески: Фашистичката ВМРО-БНД на Каракачанов на дневна основа ги навредува чувствата на македонските граѓани

Нема причина да не го сакаме професорот Владо Бучковски, но проблемот е што се гледа дека државата нема систематски пристап кон прашањето со Бугарија. Погледнете кој ги исцрта црвените линии на Бугарија – Бугарската акаадемија на науките со која што нашата МАНУ флертуваше, а сега кога ни ја удрија шлаканицата, некои наши академици ја правдаат позицијата дека не сите академици на БАН го имаат тоа мислење, што е несериозно. 

Ова во емисијата Утрински брифинг го изјави универзитетскиот професор Трајко Славески.

Според него, земјава нема критериуми и некои милитатни претставници во бугарската влада го користат тоа и не само што не покажуваат волја за напредок на разговорите, туку на дневна основа ги провоцираат и навредувааат чувствата на македонските граѓани.

„Владејачката партија во Бугарија ГЕРБ од сопствени причини ова прашање го имаат препуштено на една милитантна, дури и фаштистичка партија како што е ВМРО – БНД на Каракачанов. Ова фашистичка го велам со полна одговорност – само погледенте ја нивната веб страна. Таму стои дека се залагаат за ‚анти-циганизам', Ромите ги нарекуваат цигани, имаат исламофобија кон соседна Турција, дека ќе ги разбулеле забулените, така што ние сме на удар на една таква фракција која сега се изживува. Да се надеваме дека тоа ќе трае уште два три месеци и работите ќе се променат. Она што зависи од нас е дека треба да бидеме повеќе посветени, покоординари. Претседателот на државата, слично како и претходниот период кога Иванов не беше воопшто прашан за Преспанскиот договор, сега е ставен некако на страна дури и беше оквалификуван како човек со слабо политичко искуство. Имам порака за Пендаровски да ја намали поларизацијата во македонското општество“, изјави професорот Славевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести