Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајко се јави за референдумот и уставните измени

Трајко се јави за референдумот и уставните измени


Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски им се придружи на преостанатите пратеници од таборот на ВМРО-ДПМНЕ кои денеска се декларираа на Фејсбук дека нема да гласаат за уставни измени, дури и да успее референдумот на 30 септември за прифаќање на Спогодбата опд Преспа.

Тој наедно додаде и дека нема да учествува на референдумот, односно дека ќе го бојкотира остиот.

Поранешниот претседател на Собранието на Македонија напиша:

“Совеста не ми дозволува да излезам на референдум кој е длабоко манипулативен, а верувам дека овој став ќе преовлада и кај најголемото мнозинство граѓани на Македонија.

Истовремено, доколку власта, независно од ваквата подмолност, одлучи да ја продолжи постапката во Собранието преку уставни измени за промена на уставното име, недвосмислено нема да ги поддржам истите.”, напиша Вељаноски.

Тој е актуелен пратеник во овој собраниски состав. 


Слично

Поврзани вести