Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајчевски: Мал дел од магацините се уште се во сопственост на ГТЦ, а поголемиот се приватни

Трајчевски: Мал дел од магацините се уште се во сопственост на ГТЦ, а поголемиот се приватни

Ѓоко Трајчевски, директорот на ГТЦ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека мал дел од магацините, вклучувајќи го и тој во кој наводно имало крадење на струја за копање на криптовалути, се во сопственост на шопинг-центарот, додека повеќето се приватизирани.

– Магацините се мал дел во сопственост на ГТЦ, а останатите се продадени. Во конкретниот случај магацинот за кој се изрази сомневање за копање крипто валути е во сопственост на ГТЦ. Просторот е изнајмен согласно сите сите процедури и се врши редовна исплата на наемнината. Ние немаме право да контролираме што се случува во магацинските простории, рече Трајчевски.

Тој додаде дека постојат три начини на мерење на потрошувачката на електрична енергија во ГТЦ - директно, полудиректно и индиректно. 

- Директоно се мери 85 проценти со стандардните апарати. Останатото е за оние корисници кои имаат потреба од повлекување дополнително количество електрична енергија. Тие имаат посебни саати кои го мерат протокот и потрошената енергија. До ГТЦ стигаат две фактури, едната од нив е за испорачана електрична енергија. Договорот со ЕВН е врз основа на јавна набавка, вели Трајчевски.

Одговорно тврди дека во ГТЦ немало крадење на електрична енергија

- Познавачите на делот во енергетика знаат дека фактор триесет се односува на поголемите потрошувачи и кај нив цената поради поголемата потрошувачка се наплака за 30 проценти поскапо за дополнителната услуга и тука настанува забуната, додава првиот човек на ГТЦ.



Слично

Поврзани вести