Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајановски вети Младинска канцеларија и нови фестивали

Трајановски вети Младинска канцеларија и нови фестивали

Актуелниот градоначалник на Скопје кој се трка за трет мандат Коце Трајановски вети дека ќе се посвети повеќе на поддршката за младите преку подобрување на условите за спорт, рекреација и забава, како и активно влкучување на младите во процесот на носењето на одлуките во локалната самоуправа, што е еден приоритетите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

– Младите се движечка сила во секое општество и во новата програма предвидовме голем број на проекти на младите во Скопје, во сите области кои директно ги засегаат. Најважен проект е отворањето на Градска канцеларија за млади, која ќе има за цел да се занимава со локални младински политики, ќе дава сервис и поддршка на младите на Скопје и ќе претставува чадор организација на општинските канцеларии за млади во скопските општини. Во насока на подобрување на унапредување на статусот на младите изработка на нова Стратегија за млади на Град Скопје за периодот 2019-2023 година. Дополнително ќе организираме и отворени денови за младите каде еднаш месечно младите ќе имаат можност да се сретнат со мене и службите на градот Скопје, да дебатираат за одредени прашања, да ни ги кажат нивните предлози и идеи за подобро Скопје – рече кандидатот за градоначалник Трајановски.

Трајановски на прес-конференцијата се осврна и за проектите кои се од другите области кои се особено значаен интерес за младите како што се нови фестивали Графити и Парк фест, формирање на нови спортски лиги, турнири и манифестации.

Слично

Поврзани вести