Трајановски: Убеден сум во моја и убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Актуелниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски трчајќи за својот трет мандат е уверен дека повторно ќе победи на локалните избори, а триумф ќе оствари и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, истакна Трајановски на „Политичката академија“ организирана од страна на Конрад Аденауер.
- Сега прв пат после 11 години настапуваме од позиција на опозиција, но тоа не треба воопшто да не загрижува, напротив треба да ни даде мотив повеќе, бидејќи сега ВМРО-ДПМНЕ најмногу зависи од нас, колку ние ќе успееме да ја добиеме довербата на граѓаните во Република Македонија, а имаме многу што да кажеме. Тука се кандидати за градоначалници кои што и претходно биле градоначалници, тоа се луѓе кој што имаат многу сработено. Тие треба да бидат што поблиски до граѓаните во овој период и да ги презентираат проектите кој што ги направиле изминатиот период, рече Трајановски.
Тој пред себе ќе има повеќе против кандидати меѓу кои и Петре Шилегов од СДСМ со кој ќе води најтешка битка за нов мандат.
Слично
