Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајановски и делегација на град Скопје положија цвеќе пред Илинденските споменици

Трајановски и делегација на град Скопје положија цвеќе пред Илинденските споменици

Градоначалникот Трајановски со делегација од град Скопје по повод Илинден како најголемиот македонски државен празник денеска на повеќе места положија цвеќиња.

Делегацијата на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.

Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашата земја, здруженија на граѓани и организации.


Слично

Поврзани вести