Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајанов: Власта и опозицијата се вознемирени од позитивниот прием на Коалицијата за промени и правда

Трајанов: Власта и опозицијата се вознемирени од позитивниот прием на Коалицијата за промени и правда

Носителот на листата во изборната единица број 1, Павле Трајанов, заедно со поголемиот дел на кандидатите за пратеници од листата на Коалицијата за промени и правда, денеска одржаа митинг во Сопиште.

– Деновиве кај левиот блок предводен од СДСМ, но посебно кај десниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, присутна е вознемиреност од позитивниот прием кај граѓаните на Коалицијата за промени и правда и нашите кандидати за пратеници, поради што ја започнаа нечистата кампања, да ги повикуваат граѓаните, да не гласаат за нас, заради наводно да не оди гласот во празно и сл.

Тие што досега гласале за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ, ако е изневерени и разочарани, посебно неопределените и тие што досега не гласале, ги повикувам да излезат и да гласаат за кандидатите на Коалицијата за промени и правда, заклучи Трајанов.


Слично

Поврзани вести