Трајанов вели дека осум пратеници од опозицијата чекаат да влезат во владејачкото мнозинство
Според претседателот на Демократски сојуз(ДС), Павле Трајанов, 8 пратеници од опозицијата чекаат да влезат во владејачкото мнозинство. Ова го кажа по завршувањето на лидерската средба денеска. Трајанов е за Бугарите да влезат во Уставот, но тоа да се одвива со реципрочна постапка. Вели дека и досега Бугарите ги уживале сите права како и другите заедници.
„Се отвори темата за предвремени избори, доколку не обезбедиме единство за сите овие важни прашања и државата не движиме напред, можеби оваа тема логично ќе се наметне до партиите коишто се за промена на Уставот, доколку добијат поддршка тоа ќе можат и да го направат“, изјави Трајанов во врска со темата предвремени парламентарни изјави.
ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени и тоа го кажаа и по лидерската.
