Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајанов смета дека заканите од УЧК се подготвуваат во политички кујни

Трајанов смета дека заканите од УЧК се подготвуваат во политички кујни

Во најновото издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5  лидерот на ДС и поранешен министер за внатрешни работи,  Павле Трајанов изјави дека нема опасност за дестабилизација на Македонија, или пак реприза на 2001 година. 

Трајанов вели дека политичко - безбедносната состојба е стабилна и граѓаните не треба да бидат загрижени. 

„Ваквата закана од УЧК, мора тајните служб да ја проверат сериозно. Инаку, според моите информации се работи за лажни вести, кои се подготвуваат во одредени политички кујни“- вели Трајанов. 

Според него, целта на овие лажни вести е да поттикнат омраза и да одвлечат внимание. Трајанов вели дека МВР и службите за безбедност мора да проверат кој стои зад коменикето. 

Трајанов рече дека за „Диво Насеље“ работите се јасни, тоа беше паравоена формација која упадна во суверена Македонија и одговорот мора да биде јасен по она што го предизвикаат.

Слично

Поврзани вести