Трајанов: Сито и метла да поминат сите вработени во службите, во обвинителството, во судот
Две работи треба, сито – да поминат сите вработени во службите, во обвинителството, во судот и метла. Сито и метла. Реформите треба да продолжат, изјави пратеникот Павле Трајанов во Топ тема на Телма.
„Имаме ние некаква конституција на целокупниот систем за безбедност. Мислам дека има и законски недоследности околу тоа кој да ги координира, кој да ги собира информациите, како да дава насоки на државниот врв, да постапува во критични ситуации“, изјави Трајанов.
За профилот на идниот директор на АНБ, Трајанов оцени дека директорот треба да потекнува од внатре, од службата.
Слично
