Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајанов реагира на изјавата на Мицкоски кој го нарече „последниот бастион на СДСМ“

Трајанов реагира на изјавата на Мицкоски кој го нарече „последниот бастион на СДСМ“

Не поддржувам трансфер на пратеници и сум голем противник на политички пазарења, вели претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. 

Тој реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која го нарече „последниот бастион на СДСМ“.

„Сакам да укажам дека јас сум претседател на Демократскиот сојуз, автентична политичка партија и моето дејствување, како и на партијата Демократски сојуз е во интерес на граѓаните и националните државни интереси. Инаку мојот став е принципиелен и познат, не поддржувам трансфер на пратеници и не учествувам во никакви пазарења за ново парламентарно мнозинство или проширување на постојното. Жалам што досега двете најголеми партии не можат да изградат заеднички став околу круцијалните државни интереси, вклучително и за евроинтеграциските процеси. Во услови кога има сериозни сигнали дека наскоро ќе започнат преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, најмалку ни е потребна политичка криза и нестабилност на државата“, вели Трајанов во писмената реакција.

За Мицкоски, влегувањето на Алтернатива во парламентарното мнозинство и во Владата е последниот чин на обидот за уништување на Македонија во режија на Зоран Заев и СДСМ. 

Премиерот Зоран Заев синоќа имаше средба со коалиционите партнери за да им објасни што е договорено со Африм Гаши од Алтернатива. 

Тито Петковски од НСПД оцени дека барањата на Алтернатива се максималистички, но тој сепак ја гледа големата слика дека на Македонија и треба стабилна Влада. 

Спорно за коалционите партнери е амнестија за Диво Насеље и Монструм. 


Слично

Поврзани вести