Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАЈАНОВ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН: Да се донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите хашки случаи

ТРАЈАНОВ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН: Да се донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите хашки случаи

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за хашките случаи. 

Тоа е иницијатива за поништување на автентичното толкување на член еден од Законот за амнестијата, со што се запре постапката за четирите хашки случаи: „Водството на ОНА“, „Липковско Езеро“,„Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

По автентичното толкување, се запре постапката за четирите хашки предмети: „Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година“.

Ова толкување, како што велат од партијата на Трајанов е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

„Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите хашки случаи“, вели Трајанов.

Рече дека без силна и цврста осуда за злосторствата од минатото не може да градиме мирна и демократска иднина.

Владата го игнорира барањето на Советот на Европа за поништување на амнестијата за Хашките случаи и отповикување на амнестијата.

Испратено од Комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ до сега екс премиерот Димитар Ковачевски на 15 јануари, се препорачуваат конкретни чекори за справување со минтатото.

За техничкиот премиер Талат Џафери тоа било затворено прашање. 

Слично

Поврзани вести