Трајанов: Не може службите да не знаеле, а ако не знаеле мора да има чистки
Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов во Топ тема на Телма вечерва изјави дека контраразузнавањето не собирало сензитивни информации.
Мора да расправа Владата и мора да реагира на најостар начин, без разлика што Унгарија е членка на ЕУ, и може да ја блокира Македонија, тврди Трајанов.
„Мора МНР сериозно да бара и да ги проучи овие работи, како дејствувале дипломатите, дали српското разузнавање е вклучено“, вели тој.
Рече дека службите не може да не знаат дека некој подготвува бегство, а ако не знаеле, мора да има чистки.
„Можеле службите да разменат информации. Ако нема никаков сигнал од странските служби, дека слободно се шета поранешниот премиер, тоа е симптоматично“, додава Трајанов.
Вели дека и албанската и црногорската полиција можеле да алармираат дека поминал низ нивните земји Груевски.
