ТРАЈАНОВ: Му честитам на Зеленски што се избори, тоа е дипломатија
Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов вечерва во „Само вистина“ му честиташе на украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што се изборил Украина да почне преговори со Европска Унија(ЕУ).
Рече дека тоа е дипломатија, а не прифаќање на бугарски диктат, односно ситуација во каква сме ние. Трајанов рече дека Украина е во многу тешка состојба, во војна, но добро за нив е што почнуваат преговори со ЕУ.
„2024 година ќе имаме ние избори, но ќе има избори и во ЕУ, нема да има преговори, кластери. 2024 година е за да направиме стратегија', рече Трајанов и кажа дека мораме да работиме на сферите каде сме слаби.
Тој вели дека САД се бори против корупцијата во Македонија и посочи на изјавата на амбасадорката Анџела Агелер, која укажа на високата корупција.
