Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајанов: Македонија има историска шанса, треба да шутираме и да дадеме гол

Трајанов: Македонија има историска шанса, треба да шутираме и да дадеме гол

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 рече дека Македонија има историска шанса, и дека мора процесите кои беа блокирани 11  години да се одблокираат. 

„Треба да шутираме и да дадеме гол“- рече Трајанов. 

Трајанов вели дека Македонија нема да се распадне, како што некои прогнозираат, но прашање е дали ќе живееме или ќе преживуваме. 

Срѓан Керим, поранешен амбасадор и министер изјави дека македонскиот и грчкиот премиер во Давос покажале дека до крај ќе ги бранат своите позиции, но и дека се подготвени да попуштат за некои работи за да се дојде до решение.

„Од своето искуство знам една работа и таа е универзална ознака, дека кога две страни преговаарат од тактички причини поставуваат невозможни работи за да после се дојде до нешто прифатливо. Кога јас би преговарал и би ја застапувал тезата ерга омес, ако решението е поблиску до македонската страна тогаш ни ерга имнес не е проблем, но ако решението е како што го сака Грција, тогаш ерга омес е голем проблем. Она што го презентираа премиерите е дека разговараат партнери кои се спремни да ги бранат своите позиции до крај достоинствено, но и да попуштат за некои работи за да се дојде до решение“- вели Керим.

Керим повика сите да дадат свој придонес за да Македонија оди напред. 

Слично

Поврзани вести