Трајанов: Јавноста е вознемирeна дали има опасност од терористички напади
Јавноста е вознемирeна, посебно медиумите се интересираат дали има опасност од терористички напади, изјави националниот координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов во вечерашното гостување на Топ Тема.
„Недостасуваат инфoрмации што навистина се случило. Според таканарачените отворени извори на информации, полека ИСИС ја губи својата сила, голем број борци се уапсени, над 800 се во затворите на Курдите и што е најбитно голем дел се веќе заминати во матичните држави, и на Балканот. Колку тој број е поголем, претставуваат закана. Сосема е очекувано МВР и УБК во соработка со тајните служби на САД, Германија, Франција, да добиваат информации кој е вратен и во колкав број#, вели Трајанов.
Трајанов вели дека списокот за луѓе кои требало да бидат ставени на црна листа бил многу голем.
