Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајан Димковски: Министерството за земјоделство ќе функционира и без Хоџа

Трајан Димковски: Министерството за земјоделство ќе функционира и без Хоџа

Трајан Димковски, заменикот-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во вестите на „Сител“ рече дека овој ресор и натаму ќе функционира како што се очекува и покрај оставката на Аријанит ХоЏА.

Функционерот на „Беса“ во петокот си поднесе оставка како министер, откако неговата партија одлучи да излезе од владината коалиција.

„Можам да кажам дека во петокот се слушнавме, разговараме со него, утре ќе се видиме за деталите. Министерството ќе фиункционира, не знаеме колку време вака ќе биде, но што и да се одлучи до назначувањето на следниот министер, целата администрација ќе делува нормсално и тоа така ќе биде до назначување на новиот министер. Обврските до тогаш ги превзема заменикот-министерот“, рече Димковски во вестите.

Слично

Поврзани вести