Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајна несреќа тешко настрада велосипедист

ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајна несреќа тешко настрада велосипедист

Дваесет и девет годишниот скопјанец Д.Љ. се здобил со тешки телесни повреди откако вчера попладне во него удрил автомобил „Мазда”.

Несреќата, според информации од  МВР, се случила околу 18 часот на улицата „Никола Тесла” кога автомобилот управуван од Г.Г. (69) од Скопје, удрил во велосипедистот.

Од ударот со повреди се здобил  Д.Љ., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза”  каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.


Слично

Поврзани вести