Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во скопски Чаир: Бебе од 14 месеци почина при страотен пад

Трагедија во скопски Чаир: Бебе од 14 месеци почина при страотен пад

Во скопската населба Чаир вчера настрадало женско бебе на возраст од 14 месеци, информираше МВР.

Од полицијата велат дека во 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје биле информирани од болницата „Аџибадем Систина“ дека кај нив е примено повреденото бебе. 14-месечното бебе имало скршеница на черепот и крварење во мозокот, поради кое во 19.10 часот починало.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.


Според неофицијални информации, несреќата се случила во зграда на улицата Архиепископ Доситеј. Бебето било со својата баба и се симнувале по скалите во влезот. Но во еден момент девојчето се отргнало од нејзините раце по што се затрчало кон скршениот прозорец меѓу спратот и паднало од висина од околу 3 метри.

Слично

Поврзани вести