Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во Скопје: Почина 19-годишен мотоциклист, приведен возачот на „ауди“

Трагедија во Скопје: Почина 19-годишен мотоциклист, приведен возачот на „ауди“

Деветнаесетгодишен мотоциклист почина по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, а во неа учествувале патничко возило „ауди а4“ и два мотоцикли.

Од МВР информираат:

„На 29.05.2026 во 22:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Никола Карев“ и ул. „Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Х.(31) од с. Визбегово, скопско, мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „хонда хдв“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Б.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде подоцна починал. По наредба на јавен обвинител возачот Н.Х. бил лишен од слобода. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.“ 

Слично

Поврзани вести