Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во Скопје - Работник загина од струен удар

Трагедија во Скопје - Работник загина од струен удар

Трагичен настан се случи вчера во Скопје откако работник почина од струен удар изведувајќи градежни работи. Според полицискиот извештај главна причина за несреќата е вплеткување на кранот кој се користел за истовар на цигли од товарно возило се заплеткал во електрични жици. 

„На 14.04.2018 година околу 13,00 часот во Скопје бил пријавено дека на ул.„Герника“, додека се изведувале градежни работи (истовар на цигли од товарно возило со кран), дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што вработениот во градежна фирма, Џ.В. (21) од с. Морани-Скопје, кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата“ соопшти МВР.

Трагичната смрт на работникот во Драчево дополнително ќе се расчистува.

Слично

Поврзани вести