Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во Штип: Возач усмрти другар, а уште еден се бори за живот

Трагедија во Штип: Возач усмрти другар, а уште еден се бори за живот

Момче синоќа прегазило двајца другари, од кои едниот починал во штипската  Клиничка болница, а вториот се бори за живот, објави МИА:

Околу 5.20 часот  било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило, информира СВР Штип.

Двајцата другари се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Штип. 


Слично

Поврзани вести