Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во Македонски Брод - Во пожар загина татко, а синовите повредени

Трагедија во Македонски Брод - Во пожар загина татко, а синовите повредени

Во голем пожар кој зафатил семејна куќа во село Локвица, Македонски Брод животот го загуби маж на возраст од 78 години, а неговите двајца синови поминале со полесни повреди. 

Пожарот избувнал синоќа околу 22 часот, а засега причините не се познати. Повредените биле пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност. 

Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Македонски Брод. Според најавите од полицијата, увид ќе се врши во текот на денов.


Слично

Поврзани вести