ТРАГЕДИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА - жена почина, а малолетник се бори за живот откако паднале од зграда
Трагедија ја потресе скопската населба Кисела Вода откако синоќа 70-годишна жена и малолетник паднале од тераса.
Жената починала на лице место, а детето било пренесено во Ургентниот центар за укажување на помош. Голем број на екипи интервенирале на лице место.
Причините за ваквиот трагичен настан не се познати, се очекуваат повеќе информации во врска со оваа трагична случка во текот на денот.
Како што пренесуваат медиумите, според информации од МВР, починатата скопјанка е со иницијали Д.С. и имала 69 години. Таа од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Слично
