ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВО - ЗАГИНА ПЕШАК ВО СООБРАЌАЈКА: го удрил тинејџер кој избегал од местото на несреќата
Тинејџер од Кичево е уапсен откако со своето возило удрил во пешак исто така од Кичево и избегал од местото на сообраќајната незгода.
Пешакот за жал подоцна починал од последици на ударот од несреќата, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
- На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево.
Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото.
Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал - се посочува во соопштението на МВР.
Додаваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР
Слично
