ТРАГЕДИЈА ВО ДЕЛЧЕВСКО: Шестгодишно детенце починало при пад од трактор
Шестгодишно детенце починало откако паднало од трактор. Ова се случило во делчевската населба Таушанско маало.
Откако примила повик Екипа на Итната медицинска помош интервенирала, а од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.
„Со возило на Итната медицинска помош, шестгодишното дете е префрлено во кочанската болница, но тоа починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смртта“, информирале од делчевскиот Здравствен дом.
Јавен обвинител е запознаен за случајот. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин.
Слично
