ТРАГЕДИЈА ВО ДЕЛЧЕВСКО: 18-годишно момче загина во тешка сообраќајка
Во тешка сообраќајна несреќа загина млад скопјанец. Им подлегнал на повредите уште на пат кон Клиничката болница-Штип/
-На 01.05.2021 во 18,43 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај местото наречено „Градски преод Делчево“ патничко моторно возило “пежо 306“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(18) од Скопје излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој на пат кон Медицинскиот центар Штип починал, информираа од МВР.
На местото на сообраќајната несреќа веднаш бил извршен увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Делчево.
Слично
