ТРАГЕДИЈА: Велешанец загина откако возилото му излетало во провалија
Велешанец денеска загина откако возилото излетало во провалија.
На автопатот Скопје – Велес во 11,20 минути возило „хјундаи“ со велешки регистерски таблички излетало во провалија пред првиот од двата тунела, при што загинал 38 годишниот Б.М. од Велес.
Од ТППЕ Велес за МИА појаснуваат дека тие стигнале на местото на несреќата околу 12 часот и го извлекле настраданиот, кој веќе бил починат.
Како што изјави за МИА, Ивица Илиевски од МВР, полицијата информацијата ја добила од Службата за Итна помош која прва стигнала на местото на несреќата, по што и екипа од СВР Велес која направила увид на местото на несреќата.
Слично
