Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

Јулија Портјанко Николиќ, поранешна ракометна реперезентативка на Македонија починала утрово ненадејно на 38 години, јавуваат неколку македонски медиуми. Таа беше дел од екипата на Кометал Ѓорче Петров и на Вардар. 

Во Македонија дојде од Украина во 2003 година и стана член на екипата на Ѓорче Петров. Веднаш се издвои со војата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.

Потоа играше и во Франција во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар.

Во последните шест години се занимаваше со сосем друга професија.


Слично

Поврзани вести