Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија на спортски настан во Пробиштип: Автомобилист усмртил редар на трка

Трагедија на спортски настан во Пробиштип: Автомобилист усмртил редар на трка

Автомобилист со своето возило удрил во редар на ридско-брзинската трка во Пробиштип, по што го истиот загубил животот на овој спортски настан.

Автомобил прво излетал од патеката, удрил во ангажираното лице по што тој паднал во провалија и загинал.

Овие трки се официјални и организирани од автомобилистичката федерација по што организаторот мора задолжително да ангажира редари кои треба да ја осигураат патеката и публиката да биде на прописно растојание.

Несреќата ја потврди клубот „Custom Car Racing Team“.кој до фамилијата изрази жалење, а одговорноста ја посочи кај националната федерација.

– Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва ! На крајно небезбедна патека без банкини која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата, наведуваат од таму.


Слично

Поврзани вести