Трагедија на патот Штип - Кочани: Двајца возачи загинаа на самото место
И двајцата возачи загинале во директен судир на две возила на патот Штип - Кочани во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Штип - Кочани, објави МВР.. При тоа едното возило целосно изгорело во пожар што избил по сударот.
„На 07.03.2025 година во 13.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо 3008“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(64) од Кочани и патничко возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје.
Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на ИМП Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено. Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција“, соопшти полицијата.
