Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

ТРАГЕДИЈА: Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Маж се удави во Охридското Езеро. Станува збор за лице од Неготино. 

На 7 јуни годинава во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен е пронајден Л.М.(54) од Неготино.

„По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство, констатира лекар од Итната медицинска помош“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Битола. Лани скопјанец се удави во езерото во Охрид, но и странски државјанин од Албанија. 

Слично

Поврзани вести